сабота, 19 октомври 2024

Македонските надежи до 19 години обезбедија елитни квалификации за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години успеа да заврши на второто место на квалификацискиот турнир во Полска и да се пласира во елитните квалификации за пласман на Европското првенство.
 

Објавено на

часот

Сподели

Во последното, трето коло од турнирот, Македонија одигра 1-1 со Казахстан, бодот беше доволен за да се освои второто место.

Казахстан имаше водство со гол на Мухаметканов во 25. минута, а Македонија преку Зенделовски на десет минути пред крајот дојде до реми.

Клучна за второто место се покажа победата над Полска во првото коло кога славевме над домаќинот со 2-0.

Германија го освои првото место со седум бода, Македонија и Полска имаат по четири, но ние сме втори поради победата во меѓусебниот дуел, Казахстан заврши последен со бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ