петок, 18 октомври 2024

Македонските младинци пропуштија голема шанса за четвртфинале на ЕП

Македонската ракометна репрезентација до 20 години одигра нерешено 20-20 против Австрија на Европското првенство и ќе игра за пласман од 9 до 16 место.

Објавено на

часот

Сподели

Недостасуваше само еден гол повеќе за да ја победиме Австрија и да го освоиме првото место во групата кое ќе не одведеше до место во четвртфиналето. Во еден период од мечот имавме водство и од три гола разлика, но не го задржавме.

Австрија која беше фаворит на мечот, добро почна, поведе со 4-1, но момците на Раде Стојановиќ брзо се вратија и изедначивме на 6-6. На полувремето Австријците водеа со 11-10.

Во вториот дел благодарение на одбраните на Иван Галевски, го свртевме резултатот и поведовме со 17-14. Но потоа следуваше период на Австрија која со серија од 4-0 направи пресврт за предност од 18-17. На крајот мечот заврши нерешено 20-20.

Најефикасен кај нашата селекција беше Димитар Узунчев со осум гола, а одличен беше и Ненад Белистојаноски со пет погодоци.

Македонија заврши на втората позиција во групата, без шанси за место меѓу осумте најдобри. Во следните натпревари ќе разигруваме за пласман од 9. до 16. место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ