среда, 23 октомври 2024

Македонските јуниори ја прегазија Бугарија за пласман во финале и место во „А“ дивизијата

Македонските кошаркари до 18 години одиграа уште една маестрална партија на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје, овојпат во полуфиналето ја совладавме Бугарија со 92-68 и ја остваривме главната цел иако во финалето ќе одиме на титула.

Објавено на

часот

Сподели

Седма победа од седум натпревари за Македонија на турнирот кој се игра во Скопје, денешниот триумф над Бугарија ни донесе финале, но и место во „А“ дивизијата каде што се најдобрите селекции од континентот.

Македонија ја надигра Бугарија, имавме пад само во третиот период во кој гостите се доближија на едноцифрена предност, но во последната четвртина буквално ги прегазивме, имавме серија и од 20-0. На крајот конечниот резултат гласеше 92-68 за нашата репрезентација.

Луканоски имаше дабл-дабл учинок со 20 поени и 16 скокови, исто како и Трајанов со 17 поени и 11 скокови, Јаничиќ даде 17 поени, Марјановиќ 12.

Финалето се игра утре вечер, а противник на Македонија ќе биде подобриот од дуелот меѓу Австрија и Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ