Избраничките на селекторот Кирил Изов претрпеа уште еден пораз и ги загубија шансите за едно од првите две места.
Фудбалерките на Косово двата гола ги дадоа во првото полувреме. Лимани во 20. минута го отвори резултатот, а на четири минути до крајот на првиот дел Халилај ги постави конечните 2-0.
Македонија имаше неколку шанси за гол, но не успеа да ги искористи и да постигне барем почесен погодок.
Овој неуспех веќе значи и збогување со барем и теоретските шанси за освојување едно од првите две места во групата, кои носат во повисок ранг од ова натпреварување, со оглед што остануваме последни без ниту еден бод додека Косовките и селекцијата на Бугарија имаат по четири бода.