Турнирот се одржуваше во Скопје, а македонските фудбалерки го искористија тоа и го освоија првото место во групата, а со тоа обезбедии промоција во А квалификациите.
Денеска со 1-0 ја совладавме Словенија. Стрелец на единствениот гол беше Настасја Накова уште во осмата минута од мечот.
Претходно Македонија ја победи Молдавија со 5-0.
Со максимални шест бода ние завршивме на првото место, Словенија со три го освои второто, а Молдавија без бодови беше последна.
Македонија против Словенија настапи со: Евгенија Велјановска, Настасја Накова, Блехана Алиеска, Канита Емини, Мила Панева, Ева Величкова, Теона Галабовска, Меланија Грозданова, Ана Марија Цветкоска, Калина Попески, Елена Наумоска;