вторник, 18 март 2025

Македонските фудбалери се собраа за почеток на подготовките за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Македонската фудбалска репрезентација од денеска ги почнува подготовките за престојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Лихтенштајн и Велс.

Објавено на

часот

Сподели

Репрезентативците денеска се јавуваат на прозивката на селекторот Благоја Милевски која се случува во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

За разлика од претходните собири, атмосферата денеска не е весела. Македонските фудбалери не се исклучок од целата траорна атмосфера, тие како и сите Македонци се погодени од големата трагедија што се случи во Кочани, па тешко можеше да се забележат насмевки.

Македонија на 22 март му гостува на Лихтенштајн, а три дена подоцна го пречекува Велс на Националната арена „Тодор Проески“.

Во меѓувреме ФФМ соопшти дека во знак на почит за настраданите од пожарот во Кочани, медиумските активности со фудбалерите пред овие квалификациски натпревари ќе бидат сведени на минимум.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ