петок, 21 март 2025

Македонските фудбалери пристигнаа во Бад Рагац (ВИДЕО)

Македонската експедиција денеска пристигна во Бад Рагац, место кое се наоѓа во Сент Гален, Швајцарија, тука репрезентативците ќе ги продолжат подготовките за мечот со Лихтенштајн.

Објавено на

часот

Сподели

Бад Рагац е швајцарско гратче кое е многу блиску до Вадуц во Лихтенштајн. Македонските фудбалери тука ќе престојуваат до саботниот меч.

Нашите фудбалери утре ќе отидат до Вадуц каде ќе го имаат единствениот тренинг и ќе ја одржат редовната прес-конференција пред мечот.

Саботниот натпревар е прв за Македонија од квалификациите за Светското првенство 2026, нашата репрезентација е голем фаворит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ