МНР воедно апелира, да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни.
„Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. Како и секогаш, ние ги ставаме сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани“, наведува МНР и посочува на СОС дежурниот телефон +389 75 268 736, како и на електронската адреса: [email protected].