сабота, 27 јули 2024

Македонските доктори во Словенија се собраа во македонската болница „Дунајски кристали“

На покана на македонската Амбасада во Словенија и компанијата Езимит од Штип, македонските доктори кои живеат и работат во Словенија, како и македонските  студенти по медицина, ја посетија најголемата македонска инвестиција од областа на здравството во Словенија. Болницата „Дунајски кристали” ќе биде најголемата приватна болница во Словенија со 100% македонски капитал, опремена со најсовремена медицинска опрема од последната генерација.

Објавено на

часот

Сподели

„Таа е доказ за добрата деловна клима и конекцијата помеѓу Словенија и Македонија. Оваа инвестиција ќе ги збогати деловните и хуманистички врски помеѓу нашите два народи и ќе претставува уште еден мост на соработка и пријателство помеѓу државите.

Како амбасадор ми претставува чест што во текот на мојот мандат успеа да се реализира оваа капитална инвестиција од областа на здравството во Словенија и што имав чест да бидам дел од оваа успешна приказна.

На сопствениците, на директорката Дебора Митровска им посакувам голем успех.

Задоволството беше уште поголемо што на едно место успеавме да собереме над 50 македонски доктори кои својот професионален ангажман го имаат токму во Словенија.

Се надевам дека соработката и дружењето на македонските доктори во следниот период ќе го интензивираме и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво“, напиша на својот фејсбук профил македонскиот амбасадор во Љубљана Горан Милевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ