недела, 20 октомври 2024
Струга ТЛ е приморана да бара терен надвор од Македонија

Македонскиот шампион во Албанија ќе го игра плејофот за Конференциска лига

Објавено на

часот

Сподели

Струга ТЛ со 3-1 го доби првиот дуел против Есперанж, тој меч се играше на терените на ФФМ во Скопје. Реваншот е во четврток во Луксембург.

Доколку Струга оствари резултат во Луксембруг со кој ќе се пласира во плејофот за учество во Конференциската лига, ќе биде приморана надвор од Македонија да биде домаќин на тој дуел.

Причината е поради тоа што Националната Арена „Тодор Проески“ е затворена поради очајната состојба на теренот и така ќе биде до 9. септември кога играме против Италија. А, немаме друг стадион кој ги исполнува стандардите за меч од плејоф за влез во групната фаза од КЛ.

Спортскиот директор на Струга ТЛ,  Бесар Исаку вели дека во еден таков случај, македонскиот шампион ќе биде домаќин во Елбасан, Албанија.

„Ако се пласираме во плејофот во Конференциската лига натпреварот на кој треба да бидеме домаќини ќе го играме во Елбасан. Тоа е веќе потврдено“, рече Бесар Исаку за МИА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ