сабота, 28 декември 2024

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ не се затвора, се преместува

Објавено на

часот

Сподели

Сите членови на сите организации се канети и примани во клубот. За присуство во клубот и учество во неговите активности или организираните од него свечености од никого ништо не е барано.

Бугарските власти вложуваат огромен напор да не дозволат да се отворат македонски клубови или да им се одземат просториите на оние што постојат. Во такви услови ширењето на навреди, дезинформации и полувистини само дополнително ја влошува и без тоа тешката борба на Македонците во Бугарија.

Апелираме кон медиумите за повеќе професионализам – кога има такви информации кои го уриваат угледот и достоинството на македонски организации или активисти овде да не ги објавуваат без да ги проверуваат. Многу од шпекулациите ќе беа избегнати ако едноставно беа консултирано членовите на клубот.

Апелираме до сите Македонци да не веруваат на непроверени негативни информации од било кого за било кого“, соопшти ОМО ИЛинден – Пирин.

Кири Тилев, претседател на ОМО Илинден, вели дека се работи за лаги на двојката Кирјаков – Иванов, дека не е вистина дека ОМО Илинден не биле пуштани во клубот Никола Вапцаров во Благоевград. „Напротив, секогаш ние и нашите членови сме биле примани и сме учествувале во неговата дејност. Никој никогаш нема побарано ништо од нас за тоа. Двајцата спомнати не се повеќе членови на ОМО Илинден, тие се отцепија од неа и сега работат против сите останати македонски организации и дејци во Пиринска Македонија, злоупотребувајќи го името на нашата организација, ширејќи лаги и дезинформации“, изјави Тилев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ