Амбасадорот Марковски во својство на претставник на соседна држава која е и актуелен претседавач со ОБСЕ, информираше за учеството на македонското национално малцинство во Албанија на изборите, како и за проблемите и очекувањата за подобрување на нивниот статус во следните изборни циклуси, се наведува во објавата.
Средбата била искористена за размена на мислења околу подготвителните активности и дадените препораки од страна на ОДИХР за непречено спроведување на изборниот процес, согласно демократските вредности. Се додава дека заеднички е заклучено дека се очекува изборите да поминат во рамките на мирна и демократска атмосфера.
На изборите нов градоначалнички мандат во општина Пустец бара Пали Колефски, кој е предложен од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама и поддржан од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. На изборите негов противкандидат е и Панди Јани од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета.