вторник, 16 април 2024

Македонски телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: Maгента ТВ

Модерен интерфејс, напредни ТВ опции, слика и звук со висок квалитет. Секогаш, секаде и на сите екрани: ТВ, смартфон, таблет или лаптоп. Со Maгента ТВ секој телевизор станува паметен.

 

Објавено на

часот

Сподели

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди едно сосема ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците.  Новата телевизија е достапна секогаш и секаде и на сите екрани, со слика и звук со висок квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации од Google Play Store, ТВ-тека, видеотека, видео клуб, снимање, паузирање, премотување и многу други напредни опции.

„MagentaTV не е само ново име, туку еволуција во телевизијата, којашто е одговор на новото дигитално време и на новите интереси на корисниците. Ние ја почнавме приказната за интерактивна телевизија уште во 2008 година и постојано воведувавме нови функционалности, со кои низ годините ја редефиниравме класичната телевизија. Но MagentaTV е многу повеќе од нова функционалност; тоа е една сосема нова приказна, каде на едно место имате пристап до голем број апликации, а омилените содржини можете да ги гледате каде сакате, кога сакате и на кој уред сакате“, истакна Емилија Андоновска, главен директор за приватни корисници.

MagentaTV e најмодерно технолошко решение базирано на cloud, со нов уред (MagentaTV Box) и Bluetooth далечински управувач со говорни команди. Со MagentaTV секој телевизор станува паметен преку огромен број апликации достапни на Google Play Store, но и преку однапред инсталирани  апликации  како: YouTube, HBO Max, GLEY. Дополнително, постои можност за гласовно пребарување низ содржините со помош на Google Assistant. На овој начин сите ТВ содржини и стриминг сервиси се на едно место, достапни преку модерен интерфејс.

Омилените содржини може да се следат каде и да сте: на компјутер и лаптоп или на смартфон и таблет во движење, преку апликацијата MagentaTV Go. Дополнително, можете да почнете да гледате на еден уред, потоа да паузирате и да продолжите истата содржина да ја гледате на друг уред. На овој начин омилените ТВ содржини не се резервирани само за дневната соба, туку можете да ги следите каде и кога ви одговара.

 

MagentaTV Box е изработен од рециклирана и био-разградлива пластика со пакување од разградливи природни материјали што придонесува за заштита на животната средина. Тој ја носи ознаката Green Magenta, којашто се користи во Групацијата Дојче Телеком за продукти и иницијативи коишто носат позитивна промена за намалување на климатските промени и одговорно користење на ресурсите.

MagentaTV е дел од новото Magenta 1 портфолио во коешто ќе бидат вклучени и неограничен 5G мобилен интернет, роаминг интернет, зголемени оптички брзини и многу други новитети.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ