Телеком ја има најбрзата мобилна и фиксна мрежа и најдобрата мобилна мрежа
Македонски телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите за првата половина на годината покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа како и најдобар квалитет на мобилната мрежа. Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најнови технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес имаме 339 илјади пристапи до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. Нашата 5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови.
Лидери во супериорно корисничко искуство
Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,8 проценти и изнесува 216,6 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел на пазарот од 62,5 проценти и 233 илјади корисници. Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 47,9 проценти со стабилна база од 1,3 милиони корисници.
Во третиот квартал бележиме и една година од Magenta Moments, прва дигитална програма за наградување и поволности за корисниците којашто достигна 230 илјади корисници. Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме врвно корисничко искуство и многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници.
Лидери на ТВ пазарот со новата телевизија MagentaTV
Во однос на ТВ пазарот и понатаму остануваме на лидерската позиција со удел од 35,3 проценти од вкупниот ТВ пазар. На крајот на првите девет месеци од годината бројот на ТВ корисници се зголеми за 4,1 проценти, со што базата на корисници достигна 155,4 илјади. Новата дигитална телевизија – MagentaTV станува сè попопуларна поради напредните карактеристики и иновативното ТВ доживување коешто им го нуди на корисниците.