сабота, 27 јули 2024

Македонски шофер со камионот завршил во детска соба во Хрватска

Две лица се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Мирковци кај Винковци откако камион излетал од патот и влетал во куќа, информира хрватската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Камионот удрил во детската соба каде во моментот се наоѓало 14-годишното девојче, објави Индекс. Според информациите се работи за 40-годишен возач кој е македонски државјанин.

Во болницата во Винковци потврдиле дека девојчето има полесна повреда во пределот на главата, поточно модринка и расекотина. Камионџијата има скршен нос, но сакал да ја напушти болницата по своја желба.

„Се разбудив, отидов да пијам кафе и наеднаш слушнав дека се скршило стаклото, се затресе и куќата, во миг помислив дека е земјотрес. Но жената доаѓа и вика: Итно доаѓај горе, покривот падна!“, изјави за RTL Марко Микшиќ, сопственик на куќата.

Камионот буквално влетал во куќата, го скршил ѕидот и влетал во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишното девојче.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ