сабота, 27 јули 2024

Maкедонски концепт ќе учествува на изборите

Политичката партија Македонски концепт најави учество на следните парламентарни избори 2024 година. Оваа партија веќе ги промовира и клучните пораки од предизборната програма #Рестарт’24 и песната „Земјо моја“ од проф. д-р. Јане Коџабашија како химна на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на партијата Петар Богоjевски пред присутните изјави дека тие се константа и не менуваат ставови, а очекуваат граѓаните да ги разберат.

„Направивме партија не за нас, туку за народот, затоа и слоганот на партијата е Партија на народот. Често има критики дека не ни се јасни ставовите, но мислам дека нема партија со покристално јасни ставови од нас“, рече Богоjески.

Тој посочи дека како партија точно знаат каде треба да се движи државата во иднина, како република на еднакви можности за секој роден во Македонија, со најниски даноци, за граѓански устав и вработувања по компетенции и квалитет, а не по етничка основа.

„Имаме проблеми со ЕУ, но ние имаме решение, а тоа е граѓанскиот Устав. За разлика од сите партии што препелкаат во блато, ние точно знаеме каде одиме, каде се движиме и како ќе ја внесеме оваа земја во Европската Унија. Имаме проблем со бугарски договор, но ние имаме решение. Тој договор е раскинат од страна на Бугарија, само во Македонија нема храбри луѓе тоа да го констатираат. Ние тоа само ќе го констатираме. Имаме проблеми со имплементација на Преспанскиот договор, но исто така ние имаме решение. Нашата максима е – нема влез во ЕУ, нема Северна. Или преговори или согласно одредбите на Преспанскиот договор, суспендираме „северна“ за внатрешна употреба. Имаме проблеми со Охридскиот договор, но имаме решение, а тоа е граганскиот Устав без Бадентер и без балансери“, рече Богојевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ