сабота, 27 јули 2024

Македонски концепт: Бујар Османи свесно ја внесува Македонија во српско–косовскиот судир

Најостро ги осудуваме низата обиди на т.н. министер за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, со кои дирекно и свесно ја внесува Македонија во српско–косовскиот судир, што е дел од руското сценарио за дестабилизација на Балкан и јужното крило на НАТО, се вели во реакцијата на Македонски концепт.

Објавено на

часот

Сподели

„Бујар Османи повеќе се однесува како министер на Косово или на Русија отколку министер на Македонија, земја членка на НАТО. Со последната изјава дека Србија треба нешто да докажува на Косово, во спротивно Македонија треба да преземе непријателски дејства кон своите соседи, тој дирекно придонесува кон дестабилизација на нашиот регион, особено го помага Косово во очајните обиди за извоз на тероризам и етнички шовинизам кон сите соседи.

Ова особено од аспект што истиот човек претседава со ОБСЕ, но не во име на ДУИ или на Косово или УЧК, туку во име на Македонија и сите нас македонските граѓани, што дава дополнителна тежина на неговата злоупотреба на службена положба и овластувања, што е кривично дело и за истото треба да одговара пред правосудниот систем на Македонија, не на Косово.

Проектот Отворен Балкан за нашата партија беше промашена инвестиција уште на почетокот на истиот и навреме реагиравме во таа насока. Но вмешување на Македонија во странски судири, особено помеѓу нашите соседи, е дирекно работење против мирот и стабилноста и против македонските национални интереси“, соопшти Македонски концепт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ