сабота, 27 јули 2024

Македонски концепт: Албанскиот етнички шовинизам добива димнзии на верски радикализам

Во врска последните изјави на македонски политичари од албанската етничка заедница, поткрепени од косовски политичари, а во врска обидот за мешање во внатрешните работи во Македонија и учество на косовски партии на следните парламентарни избори во земјава, особено после најавата за уривање на христијански верски објект, легално поставен на црковен имот, сето тоа мотивирано од исламистички побуди, сметаме дека албанскиот етнички шовинизам, покрај јавниот неофашизам, добива димензии на верски радикализам, налик на ИСИС од Блиски Исток, со што дирекно ги дестабилизира НАТО и го отежнува процесот на проширување на ЕУ на Балканот, се вели во реакцијата на Македонски концепт.

Објавено на

часот

Сподели

„Изјавите за отворено мешање на косовски политичари на политичката сцена во Македонија, се еклатантно мешање во внатрешните работи на земјава, за што бараме Владата веднаш да реагира до косовските институции и меѓународните партнери.

Донесовме одлука за дипломатска офанзива со цел објаснување на процесите на нашите партнери од НАТО и ЕУ и заштита на нашите заеднички интереси од тие пројави.

Продолжуваме со засилено темпо и дополнителен фокус на темата, да се бориме против сите видови на етнички шовинизам и верски радикализам, осудувајќи го таквото поведение на сите политички и граѓански активисти и организации.

Остануваме посветени на активностите за отстранување на сите пречки за полна интеграција на Македонија во ЕУ“, се вели во денешното соопштение на Македонски концепт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ