„Ние сме жртви и не може веќе да плаќаме за издигање на силата на други држави и нации! Сите етнички малцинства се малтретирани во средините каде живее албанско етничко мнозинство и ние сме измеќари во сопствената држава“, велат од Македонски концепт.
„Во Македонија, противправно и спротивно на насоките на ЕУ и Венецијанската комисија се користи албанскиот јазик и спротивно на Устав и закон се користи знамето на Албанија. Тука секојдневно македонски државјани, а албански етнички шовинисти, се користат со навреди и омаловажување на Македонија и македонскиот народ, што е казниво, а никој не постапува по закон. Тука албански шовинисти не плаќаат данок, а користат државни плата, субвенции, социјална помош. Тука се прикриваат воени злосторства против човештвото, направени на територија на Република Македонија, спроведена е нелегална амнестија и не се почитуваат барањата на Совет на Европа за постапување пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Тука се практикува неказнивост за злосторства направени од албански шовинисти и се внесува страв кон останатите граѓани. Тука се злоупотребуваат работни места по институции, особено во МВР, каде се прикриваат престапите на албанските шовинисти.
Тука секој ден се врши насилство врз млади деца и стари лица од страна на албански бандити. Низ центарот на Скопје, се живее под закани и уцени, се живее под терористичко поведение на организирани групи. Тука се создава атмосфера на линч против секој еден кој не им се плаши на албанските шовинисти, како ние од Македонски Концепт“, рече Богојески.
Тој уште кажа дека во Македонија „секој ден, албански шовинисти шират етничка и верска омраза, а по тие предмети не постапува ОЈО или МВР, под притисок на политички субјекти, новинари и граѓани, организирани во злосторничко шовинистичко здружување“.
„Доволно живеевме во дефанзива. Време е за офанзива. Потребна е цврста рака, ако сакаме оваа држава да ја биде. Слабите, анационалните, клиентелистите, кои се виновници за ова што и се случува на Македонија, мора да бидат казнети! Мора жестоко да бидат казнети некои луѓе, поради начинот на кој ја корумпираа Македонија! Ние сме свои на своето и не планираме да се предадеме! Крајниот резултат на нашата мисија ќе биде воспоставување на ред и поредок во земјата, на владеење на правото! Ништо од ова немаше да се случи, ако функционираше судскиот систем. Затоа бараме итно распуштање на судскиот и обвинителскиот совет. Преку рестарт на системот, ќе отвориме нова иднина за сите македонски граѓани, вклучително и чесните, еснаф Албанци, од кои дел се и членови на нашата партија Македонски концепт“, рече Богојески.