вторник, 21 јануари 2025

Македонски и косовски трговци со струја ќе можат да тргуваат во двете земји

Објавено на

часот

Сподели

Интегрирањето на регионалните пазари е чекор што води кон единствен пазар на електрична енергија  на Европската Унија изјави Марко Бислимоски, претседателот на  РКЕ. 

„Договорот ќе ја забрза енергетската транзиција и ќе биде мотив за нови инвестиции во обновливи извори, затоа што произведената електрична енергија во земјава ќе може да им се испорача веднаш на корисниците во Косово. И ова е всушност реципрочен механизам, исто така и електричната енергија произведена во Косово ќе може лиценцираните трговци да ја нудат на потрошувачите кај нас. Во енергетиката, нема мала и голема слика –туку има само стратешко поставување и реализација на целите кои ќе донесат сигурност, стабилност, намалена енергетска зависност и  зголемено производство. А токму нашиот фокус кон транзицијата и инвестициите во ОИЕ го преполови увозот на електрична енергија што до пред кризата изнесуваше  30 %, а сега е 15%“, изјави Марко Бислимоски, претседател на  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Договорот во пракса значи намалување на административните бариери за лиценцираните снабдувачи/трговци со електрична енергија посочи претседателот на косовското регулаторно тело за енергетика Фејзулаху. 

„Преку овој договор, ги отвораме вратите за нови можности за снабдувачите и трговците со енергија и во Косово и во Северна Македонија со намалување на административните бариери за трговците да влезат на овие два пазари“, рече Имер Фејзулаху од ЕРО. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ