сабота, 27 јули 2024

Maкедонски и албански екологисти против трка со моторни чамци на Охридското Езеро

Педесетина здруженија на граѓани, еколошки организации и асоцијации од Македониј и од Албанија објавија протестно писмо со кое покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на трка на чамци, F1H2O, закажана за во јуни кај Поградец, Албанија, на Охридското Езеро.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа трка е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, за кои основано се проценува дека имаат негативно влијание врз животната средина, живиот свет и еко-системот, настани што вообичаено се одржуваат на отворени водени површини како мориња и океани, а не на затворени водни површини како што е Охридското Езеро.

Проценките спроведени од страна на самиот организатор и стручни лица од областа на заштита на животната средина, покажуваат дека на настанот ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми јаглероден диоксид (CO2), во воздухот и во самото езеро.

Според овие организации кои бараат овој настан да се спречи, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот, така и во водата во текот на цела календарска година.

„Исто така ќе бидат потребни 4.300 метри квадратни паркинг-простор за да се сместат 43-те тимови или 129-172 камиони ангажирани за логистика на настанот. Самата стартна платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона, просторот каде се мрестат и живеат рибите од езерото“, предупредуваат иницијаторите на акцијата за спречување организација на овие еколошко-неприфатливи настани на езерото.

За утре во Охрид е закажана конференција за медиуми на претставници на Националната установа Хидробиолошки завод – Охрид и на граѓански здруженија и асоцијации од Македонија и од Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ