четврток, 26 декември 2024

Македонски државјанин меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад

Српскиот претседателот Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста изјави дека во денешната голема трагедија во Нови Сад, кога се урна настрешницата на главната железничка станица, загинале 14 лица, дека еден од загинатите е македонски државјанин, а идентитетот на пет лица сè уште не е утврден, јави дописниот на МИА од Белград.

Објавено на

часот

Сподели

„ Денеска во 11:50 часот голема трагедија ја снајде нашата држава. На главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе кои беа во непосредна близина на железничка станица“, рече Вучиќ во вонредното обраќање до граѓаните.

Тој додаде дека според последните информации загинати се 14 лица и се надева дека тоа е конечната бројка.

„Не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Република Србија, едно лице е државјанин на Северна Македонија“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека бара Обвинителството во Нови Сад и Владата на Србија да ги гонат и најстрого да ги казнат одговорните за уривањето на дел од настрешницата во Нови Сад.

„Одговорните, ве уверувам, ќе бидат казнети. Барам политичка, а пред тоа и кривична одговорност“, рече Вучиќ.

Тој посебно им се заблагодари на спасувачите, „на луѓето кои цел ден се бореа и страдаа, на работниците кои со своите машини се обидоа да го спасат секој живот што можеше да се спаси“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ