„За Н.А., жител на Северна Македонија, Интерпол Скопје имаше распишано меѓународна потерница по барање на судот во Скопје, издадена на 1 јуни 2023 година, откако му одредил мерка затворски притвор за кривично дело разбојништво. Интерпол Тирана соработува со Интерпол Скопје и другите надлежни органи на двете земји со цел екстрадиција на приведениот“, пишува во полициското соопштение.
Полицијата додава дека приведувањето е резултат на интензивните проверки на граничната полиција, со цел спречување и сузбивање на прекуграничен криминал и за приведување граѓани барани со меѓународна потерница.