Како последица од долгите и обилни врнежи на територијата на Општина Македонски Брод имаше свлечишта кои предизвикаа прекин на сообраќајот, а кои можеа да предизвикаат и поголеми штети на месното население во селата Сланско и Суводол.
Екипите на општината и ЈП „Водовод и канализација” извршија санирање на свлечиштето и на критичните делови со цел заштита на населението и на животната средина.
Синоќа и улиците на градот беа поплавени, а екипите на надлежните институции беа на терен.