сабота, 27 јули 2024

Македонски Брод и Крушево заедно немаат ниту 40 матуранти, на таблоата побројни се наставниците

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески вели дека веќе втора година како е воведена стимулација од по 5.000 денари за секој ученик кој ќе учи средно пбразование во родното место.

„Во иселувањето Македонски Брод ја дели истата судбина со другите помали градови во Македонија. Факт е дека бројот на учениците е намален. Но, не е само причина иселувањето, туку и бесплатното средно образование, така голем број од децата заминуваат во околните градови во изучувањето на средното образование, во Прилеп, Битола или во Скопје. А што проавиме ние како локална самоуправа? Државата направи двојни аршини: воведе субвенционирање на децата кои учат надвор од својата Општина, но нема никакви мерки на стимулација на децата кои остануваа и учат во својата општина. Со одлука на советот воведовме субвенционарење од 5.000 денари за секое дете запишано во средноучилиште во Македонски Брод. Тоа е симболично, но битна ни е пораката која ја испраќаме до децата“, вели Ристески во изјава за МИА.

Во Македонски Брод воведена е и машинска струка. Склучен е договор и воспоставена е дуална паралелка со фабриката „АТС-ГРУП“ од Самоков. Има и две паралелки од туристичката струка.

„Оспособуваме кадар за таа фабрика, учениците таму одат на практична работа и се надеваме дека поголем дел однив ќе останат да работат во таа фабрика, а тие што сметаат да се дообразуваат да обезбедиме стипендии за да се вратат и да работат во Македонски Брод. А бидејќи го развиваме и туризмот и сакаме Поречието да биде атрактивна дестинација за рурален туризам, во средното училиште имаме две паралелки за техничар за рурален туризам и хотелски техничар“, објаснува Ристески.

Снежана Миленковска, директорка на средното училиште Наум Наумоски Борче во Крушево смета дека е битно да се донесе законот за средно образование, а немаат голем бенефит од дуалното образование.

„На учениците актрактивни им се поголемите градови и заминуваат да учат таму од помалите. Тешко е да се каже кој е рецептот за да се задржат учениците. Многу е битно да се усвои новиот закон за средно образование со кој максимумот ученици во паралелка да бидат 30, што значи големите училишта, на пример во Прилеп, би оставиле простор за кандидатите кои нема да бидат примени таму, да се вратат во малите места. Го имаме дуалното образование и засега не се покажа многу ефективно, го имаат сите средни училишта. Единствено, доколку локалната самоуправа успее да обезбеди стипендирање за учениците кои ќе одберат да учат во матичното место“, вели Миленковска за МИА.

Во двете мали општини, засега нема големи намалувања во уписот на првачињата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ