сабота, 19 октомври 2024

Македонската ракометна легија

Објавено на

часот

Сподели

На ЗДФ главна тема беа навивачите

Во Ниш деновиве се чувствува како да се вратила римската империја. Една легија го окупира јужниот српски град, легијата на фанови од Македонија. Многумина носат шлемови што потсетуваат на заштитниот знак на римските легионери.

„Дојдоа многу повеќе отколку што очекувавме“, вели Владимир Темелков, десното крило на Македонија за германската ЗДФ. „Многу имаше во салата, околу 6.000 се дојдени од Скопје“, додава Темелков.

Спортскиот центар „Чаир“ ечеше. Четири илјади стигнаа до билети за спортскиот центар. Полицијата ја забрани употребата на тапани, но песните се толку гласни што ракометарите долу на теренот не може да се разберат. Кога Македонија побара тајм-аут, шведското лево крило Хенрик Линдстром не слушна. Мораше судијата да му викне на уво дека е тајм-аут. И судиите не се слушаат.

Српските безбедносни служби беа загрижени за напливот на фанови од соседството. Забранети се монети, запалки, други предмети. Стравувањата дека ситуацијата може да ескалира се покажаа неосновани.

„Во салата имаше прекрасна атмосфера. Во ниту еден случај таа не беше непријателска. Тоа беше еден голем празник на ракометот“, рече шведскиот интернационалец Штефан Левгрен.

Необична е ваквата атмосфера за германските ракометни репрезентативци. Нашиот селектор Мартин Хојбергер изјави дека ваквиот фанатизам на трибините е чиста емоција, која постои само на Балканот. Но токму во него лежат возбудата и предизвикот во играта.

Но Македонците се подготвуваат за нов емотивен меч.

„Навивачите се нашиот осми играч“ вели Темелков. „Нашата основна задача е да ја задржиме ладнокрвноста“, додава тој.

Повеќето играчи што ќе играат денеска со Германија се членови во македонски тимови.

„Тоа е многу тешко за нас, затоа што повеќето се без интернационално искуство“, вели најголемата ѕвезда Кирил Лазаров, член на Атлетико Мадрид.

Тој исто така ужива да игра пред оваа публика. Постојано гордо покажува кон националниот симбол на градите на дресот, со цел да ги испровоцира навивачите да бидат уште погласни и да им дадат сила.

„Навивачите се нашата сила. Тие веруваат во нас, ние во нив“, вели тимскиот лидер.

Македонските фанови сакаат што е можно повеќе мечеви. Нивната цел е да се стигне до втората рунда на ЕП.

„Ако успееме да стигнеме до Белград во вториот круг, двојно повеќе фанови ќе дојдат да нè поддржат“, вели Темелков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ