сабота, 27 јули 2024
Реакција

Македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, се вели во реакцијата од кабинетот на Сиљановска

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, се вели во информацијата од кабинетот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова по реакциите за време на вчерашната инаугурација и неспоменувањето на „северна“ за време на заклетвата од страна на новата претседателка.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.

Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ