„Инаугуративната сезона на оваа нова оперска куќа покрај Македонската филхармонија ги вклучува Виенската филхармонија, оркестарот на Театарот „Марински“, Московската филхармонија, Лондонската филхармонија, како и солисти од рангот на Пласидо Доминго, Хозе Карерас, Јо-Јо Ма…“, соопшти Филхармонијата.
Оркестарот ќе настапи како дел од голем музички проект со делата на познатиот египетски композитор и инструменталист Амар Ел-Шереи, под диригентската палка на египетскиот диригент Хишам Габр и со солистот на автентичниот арапски инструмент уд – Салим Ал-Макраши.
„На сцената ќе има и ансамбл со традиционални арапски инструменти, а и слепиот композитор Ел-Шереи ќе настапи како солист во едно од своите дела. Програмата вклучува Концерт за уд и оркестар, како и Варијации на арапски теми за оркестар, а во Оман ќе прозвучат и звуците и ритмите на Македонија, претставени во изведбата на делото „Тешкото“ од Глигор Смокварски “, соопшти Македонската филхармонија.