сабота, 19 октомври 2024

Македонската „Би-џеј-џеј“ репрезентација имаше жетва на медали во Белград, три злата за Алексовска

Македонска репрезентација за бразилска џиу џица (Би-џеј-џеј) имаше одличен настап на турнирот Абудаби Про Србија, на кој се закити со 11 златни пет сребрени и два бронзени медали, викендов.
 

Објавено на

часот

Сподели

Македонските натпреварувачи се бореа во неколку младинска и сениорска возрасна група, но покрај категориите и по килограми, борбите беа поделени и во дициплина со кимоно и без кимоно.

Меѓу медалистите, најсилно се истакна 17-годишната Даниела Алексовска, која освои три златни медали, од нив два во конкуренција за возрасни. Иако таа самата има виолетов појас, се бореше во категоријата до 55 килограми за сениори со кафеави и црни појаси. Во финалето ја совлада противничката од Обединети Арапски Емирати, која е 16. на светската ранг-листа и втора во Азија.

Иако има 52 килограми, победи и во категоријата до 63 килограми за виолетови појаси до 18 години и до 55 години за виолетови појаси без кимоно. Златни медали освоија уште и Гораст Василевски (до 94 кг), Марко Петровски (до 69кг), Стефан Пецевски (до 85 кг), Ева Илиевска (до 95кг) во сениорска категорија, како и Тони Блажевски, Марко Трајковски, Антонио Трајковски и Петар Џатевски во различни возрасни категории до 18 години.

Меѓу 24 репрезентации, Македонија го освои третото место на поени, зад Србија и Босна и Херцеговина, додека во конкуренција на клубови, Д Стронгест заврши на второто место, а Енсо џиу џицу осмото, меѓу 32 конкурента.

Сите медалисти:

Даниела Алексовска 3 златни медали во категориите 

-55 кг +18години кафени и црни појаси ( против натпреварувачка од Обединети Арапски Емирати која рангирана 16 во свет 2 во Азија и прва во Обединетите Арапски Емирати) 

-63 кг -18години виолетови појаси (преместена од 52кг во 63кг) 

-55кг виолетови појаси без кимоно

Тони Блажевски, во категорија -50кг до 14 години зелени и портокалови појаси(златен медал)

Марко Трајановски, 84кг -15 години зелени и портокалови појаси (златен медал)

Антонио Трајковски, бели појаси -8 години -30 кг (златен медал)

Петар Џатевски, бели појаси -8 години -26кг (златен медал)

Гораст Василевски, виолетови појаси +18 години -94кг(златен медал)

Марко Петровски, +18 години -69кг сини појаси без кимоно (златен медал)

Стефан Пецевски, +18 години -85кг црни појаси без кимоно (златен медал)

Ева Илиевска, +18 години без кимоно виолетови појаси -95кг (златен медал) и (сребрен медал) со кимоно

Давор Метовиќ, (2 сребрени медали) во категории со и без кимоно -62кг +18 години бели појаси

Леонид Димовски, (сребрен медал) до 10 години – 27кг

Андреј Марков, (сребрен медал) сини појаси +18 години -77кг без кимоно

Иван Милошев, (бронзен медал) сини појаси +18години -85кг

Анџела Стамкова, (бронзен медал) -52кг -15 години зелени и портокалови појасиАндреј Марков (сребрен медал) сини појаси +18 години -77кг без кимоно 

Иван Милошев (бронзен медал) сини појаси +18години -85кг 

Анџела Стамкова (бронзен медал) -52кг -15 години зелени и портокалови појаси
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ