сабота, 27 јули 2024

Македонска премиера на „Еден тон сладолед“ на Сандра Ѓоргиева на Синедејс 2023

Објавено на

часот

Сподели

„Еден тон сладолед“ ја следи агонијата и борбата со грижата на совест на тинејџерот Ведран. Во обид да се ослободи од притисокот, тој го комплицира животот на Ева, млада самохрана мајка на малата Софија. Со низа апсурдни ситуации проблемот станува сè поголем, сè посериозен и тежок колку еден тон сладолед.
Филмот сe снимаше во 2021 година во Скопје, а главните улоги ги толкуваат Бодан Киранџиски и Јелена Јованова, а за првпат на филм се појавува Јована Иванова.
Како сценаристи на филмот се потпишуваат режисерката Ѓоргиева заедно со Јаков Попоски, директор на фотографија е Ѓорѓи Клинчаров, а монтажата е на Михајло Чунихин. Сценограф на филмот е Влатко Чачоровски, костимографка е Емилија И. Атанасовска, музиката ја компонираше Јован Јовановски, а дизајн на звук работеше Сашко Потер Мицевски.

Како продуценти се потпишуваат Илија Тирицовски и Пеце Талески од ОХО продукција. Филмот помина низ CineLink Industry Days платформата на Sarajevo Film Festival и е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.
„Еден тон сладолед“ ја имаше својата светска премиера во месец мај, на Интернационалниот фестивал за краток филм во Мароко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ