сабота, 21 декември 2024

Мaкедонките се меѓу најниските жени во Европа, меѓу најниските мажи се Бугарите

Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри, а пониски од нив се само жените на Кипар кои се високи 160,6 сантиметри. Меѓу пониските во Европа се и жените во Португалија со просек од 161,2 сантиметри.

Објавено на

часот

Сподели

Мажите од Македонија се блиску до европскиот просек, покажува анализата на статистичката веб-страна „Ландгеист“.

Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри, а пониски од нив се само жените во Кипар кои се високи 160,6 сантиметри. Меѓу пониските во Европа се и Португалките со просек од 161,2 сантиметри.

Највисоки се Холанѓанките со просек од 170,4 сантиметри и Црногорките со 170 сантиметри. Просечната висина на жените во Србија е 168,3 сантиметри, во Грција 165,8 сантиметри, во Бугарија 164,6 сантиметри, а во Албанија 162,2 сантиметри.

Мажите во земјава, пак, во просек се високи 176,4 сантиметри. Највисоки се Холанѓаните (183,8 сантиметри), Црногорците (180,7 сантиметри) и Естонците 179,3 (сантиметри), а најниски се мажите во Кипар (172,7  сантиметри), во Албанија (174,1 сантиметри) и во Бугарија (174,2 сантиметри).

Во Србија просечната висина на мажите е 180,7, а во Грција 179,3 сантиметри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ