Акциите на „Македонијатурист“ во последниот период се во постојан раст – во јануари една акција вредеше 4.774 денари.
Претходно од во неколку блок трансакции беа истргувани 13.702 акции на „Македонијатурист“ за 1,7 милиони евра; па за еден милион евра беа купени 8.321 акции или 1,84 проценти од основната главнина на компанијата; 373 илјади евра беа платени за 2.981 акција од компанијата или 0,66 проценти од нејзината основна главнина; за 312.000 евра се истргуваа 2.400 акции од „Македонијатурист“, кои претставуваат 0,53 проценти од основната главнина на компанијата.
„Македонијатурист“ е сопственик на хотелите „Холидеј ин“, „Бест Вестерн“, „Карпош“, „Водно“, „Белви“, „Бристол“ и „Јадран“.
Доне Таневски, претседател на Надзорниот одбор на компанијата поседува 23,40 проценти од вкупниот број издадени акции.
Во сопственичката структура на „Македонијатурист“ се и компаниите „Сава пензиски фонд“ (8,80 проценти од вкупниот број акции), Соња Бибановска (11,27 проценти), Симеон Павлов (5,01 проценти)…