„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, кратко порачува Заев во објавата, приложувајќи и факсимили од тужбите.


Поранешниот премиер го тужи кардиохирургот Жан Митрев за наводи изнесени во телевизиско гостување на ТВ Алфа, во програмата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“, каде тој изјавува дека Заев, а и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче биле заинтересирани и имало комуникација „да најдат пат до сопствеништво“ на клиниката на Митрев.
Додека тужбата за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски се однесува за неговите изјави на прес-конференција на партијата за поврзаноста на Заев(и) со фирми за производство на медицински канабис, кои поради блискоста со тогашниот премиер добиле лиценци за работа.
На некои од фирмите кои се споменуваат во тужбата, вчера им беа одземени лиценците.






