петок, 30 јануари 2026

ЗНМ: Проблематична првостепена пресуда за слободата на изразување на судот во Гостивар

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради пресудата донесена на 12 јануари на штета на Лиридона Вејсели. Според судското образложение, Вејсели е обвинета за злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од Кривичниот законик, затоа што на Инстаграм и Тик-ток објавила лични податоци – име и презиме на судија, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Објавено на

часот

Сподели

Судот во пресудата наведува дека: „Вејсели е виновна заради тоа што на 28.10.2024 година спротивно на условите утврдени со закон без согласност од оштетениот судија, користела негови лични податоци на начин што на социјалните мрежи Инстаграм и Тик-ток објавила видеа во кои ги злоупотребила личните податоци на оштетениот судија неговото име и презиме со што му наштетила на неговата чест и углед на неговата професионална дејност која ја извршувал како судија во Основен суд во Тетово повеќе од 37 години“.

ЗНМ оценува дека оваа првостепена пресуда испраќа многу лош сигнал за слободата на изразување во земјата.

„Кривичното гонење на новинари за објавување на име и презиме на јавни лица, особено судии, го зголемува притисокот врз новинарството и правото на јавноста да биде информирана“, реагираат од ЗНМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ