среда, 18 февруари 2026

ЗНМ одбележа 80 години постоење, Роберт Атанасовски, фоторепортерот на МКД.мк, доби награда за животно дело

Објавено на

часот

Сподели

Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот на МКД.мк Роберт Атанасовски.

Наградата за истражувачко новинарство ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Новинарот Ардит Рамадани ја доби наградата за најдобра регионална/локална сторија во „Порталб“.

Здружението на новинари на Македонија додели и признанија на Владо Апостолов од БИРН, а наградата за известување на локално ниво ја доби новинарката Анета Блажевска.

На свеченоста, покрај бројните новинари, присуствуваше и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска, амбасадори, претставници на политички партии, како и министри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ