понеделник, 7 април 2025

ЗНАМ: СДСМ и Филипче немаат кредибилитет и легитимитет за какви било концепти за Македонија

СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат какви било концепти за Македонија овој момент, реагираат од партијата ЗНАМ по денешната прес-конференција на Филипче на која тој предложи концепт за нов општествен и политички дијалог.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение“, наведуваат од ЗНАМ и прашуваат дали самопрогласениот лидер на опозицијата со ова бара начин да се факторизира како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја предвид очајната состојба на неговата партија.

Од ЗНАМ наведуваат дека „довчерашниот министер во владите на Зоран Заев, одговорен за длабоките системски грешки во општеството, директно одговорен за трагедијата во Тетово со модуларната болница каде загинаа 14 невини лица, за криминалната набавка на вакцини во времето на ковид кризата, за случајот во Клиниката за онкологија каде што наместо хемотерапија на болните им се даваше физиолошки раствор, директното учество во донесувањето на измените на Кривичниот законик, каде што се амнестираа функционерите од режимот на Груевски, но и високи функционери на СДСМ на чело со неговиот ментор Зоран Заев…

„Тој денеска предлага концепт за нов општествен дијалог во Македонија. Македонската јавност не е дементна за да заборави дека  директорот на Фондацијата Заев во претходните осум години го промовираше концептот Едно општество за сите, едно за Вицето“, се посочува во реакцијата од ЗНАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ