среда, 25 февруари 2026

ЗНАМ: СДСМ бега од одговорност со навреди и конструкции

Движењето Движење ЗНАМ за Наша Македонија реагира на последните ставови на СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека „бега од одговорност преку навреди, етикетирања и лични дискредитации“.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЗНАМ велат дека кога нема аргументи, СДСМ, како што наведуваат, „измислува приказни“ и нуди „озборувања наместо одговори за сопствените неуспеси“.

„Наместо да објаснат зошто државата ја доведоа до економска и институционална криза, тие се занимаваат со тоа кој кому му пишувал соопштенија“, се наведува во реакцијата.

Од Движењето оценуваат дека СДСМ, која ја нарекуваат „некогашна државотворна партија“, денес е „сведена на фабрика за навреди и конструкции“, додавајќи дека наместо фактор на стабилност, се претворила во „симбол на нервоза и очај“.

„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.

Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ