вторник, 1 април 2025

ЗНАМ сѐ уште не знае дали ќе учествува на евентуалната лидерска средба

Партијата ЗНАМ ќе се изјасни дали ќе учествува на лидерска средба откако ќе ја добие иницијативата што вчера ја најави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

„Да ја добиеме иницијативата и да ја видиме, па ќе се изјасмиме“, изјавија од партијата.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

Парламентарните партии засега не се изјаснуваат дали ќе учествуваат на ваква лидерска средба во очекување на официјалната иницијатива на Филипче.

Од Владата велат дека официјална иницијатива до нив се уште не е дојдена, но дека се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ