недела, 28 декември 2025

ЗНАМ: Немаме никакво влијание во тендерската постапка за хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти

Во врска со дeнешната прес конференција на СДСМ, а во однос на
тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти, сакаме да ја информираме јавноста дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една ваква постапка, се наведува во реакцијата на ЗНАМ на денешната прес-конференција на опозициската СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Точно е дека господинот Сашо Петровски беше носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на каква било партиска функција. Тој е приватен стопанственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и во минатото има сериозно професионално портфолио во оваа сфера во одржувањето на приватни компании, но и државни институции“, се вели во реакцијата на ЗНАМ.

Што се однесува до конкретниот случај, од ЗНАМ истакнуваат дека не сакаат да навлегуваат во материјална дискусија.

„Доколку кој било надлежен орган утврди каков било конфликт на интерес, прекршување на постапката или прекршување на законите, ги повикуваме надлежните да постапат согласно законската норматива. Во спротивно секој го има демократското право да води сопствен бизнис и да учествува на јавните конкурси. Движењето ЗНАМ се оградува од било каква инволвираност во ваквите случаи“, се вели во реакцијата на ЗНАМ на прес-конференцијата на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ