недела, 13 април 2025

ЗНАМ: Нема реконструкција на Владата, стабилно владино мнозинство

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија соопштува дека во своето кусо постоење како политички субјект покажа и докажа дека секогаш работи транспарентно и отворено и точното информирање на јавноста му е приоритет. За да нема забуни јавноста владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со нашиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на ЗНАМ по некои информации за можна реконструкција на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„За сите отворени прашања и забелешки разговараме со премиерот, како
и во работната група во која учествуваме како политички субјект и таму се
разговара, преговара и се усогласуваат политиките. Истовремено се следи
реализацијата на владината програма и основните принципи и начела врз
кои почива договорот за поддршка на владината програма.
На локалните избори, како што е веќе најавено, ќе настапиме со свои кандидатски листи за советници.
Во однос на градоначалничките места се преговара со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите.
Што се однесува до Куманово, ќе имаме свој кандидат за градоначалник. Партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место“, се вели во реакцијата на ЗНАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ