Дел од раководството на ЗНАМ на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организацискиот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска вчера остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.
Раководството на партијата се запозна со проблемите на граѓаните и со нивните предлози кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.
„ЗНАМ своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот –
урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување
со општинските буџети“, соопшти партијата.
Вчера генералниот секретар на партијата Горан Минчев имаше средба со граѓаните, членовите и симпатизерите од Тетово. Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт.
„Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што
одговара на вистинските потреби на Тетово. Време е општините да престанат да бидат партиски плен и конечно да почнат да работат за граѓаните“, изјави Минчев.
Тој истакна дека ЗНАМ нуди луѓе со знаење и интегритет, а не политички
експерименти, и најави дека дијалогот со граѓаните ќе продолжи низ цела
Македонија.