„Горан Герасимовски, човекот кој сака да се претстави како чесен, скромен, невин и наивен градоначалник, а зад себе остави хаос, безредие и дивоградби. Ако вчера зборувавме за училиштата и небезбедните услови за нашите деца, денес зборуваме за уште еден скандал: советничка листа со кандидати за советници од СДСМ кои влегуваат во политика за да си ги спасат сопствените дивоградби.
Ова е второто лице на Герасимовски – лицето на човек кој е спремен да ги гази законите, да ги злоупотребува институциите и да ја претвори општината во сервис за партиски и лични интереси“, велат од ЗНАМ.
Од Движењето ЗНАМ укажуваат дека во мандатот на Герасимовски дивоградбите во општина Центар не биле искоренети, туку напротив се умножени.
„И најстрашно од сè, врзани се со луѓе блиски до неговата партија, СДСМ. Наместо да биде пример, општината стана најголем прекршител на законот.
Го прашуваме градоначалникот на ма Центар од СДСМ, Герасимовски: дали Газменд Максимовски, вработен во Општина Центар со договор за дело и воедно кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на ул. Самоилова?
Дали тоа е истиот Герасимовски кој пред јавноста бараше измени на Законот за градење и заплена на дивоградбите, а зад кулиси му овозможувал на свој човек бесправно да гради?
Дали тоа не е најјасен доказ дека сите негови настапи беа само евтин пиар, театар за јавноста и голема измама за граѓаните на Општина Центар?
Додека секој граѓанин мора да ги почитува процедурите, да поднесува документи, да чека дозволи и да плаќа општински давачки, луѓето на СДСМ имаат привилегии.
Тие се изземени од законот, тие можат да градат како сакаат, затоа што имаат зелено светло од Герасимовски. Ова не е само лицемерие.Ова е скандал, ова е злоупотреба, ова е понижување на сите чесни граѓани во Центар.
Горан Герасимовски не само што не се избори против дивоградбите – тој стана нивен заштитник!Не само што не ја врати законитоста – тој ја погази! Не само што не ја штитеше општината – тој ја претвори во партиски штаб на СДСМ!
Ова мора да престане!“, порачуваат од ЗНАМ и додаваат дека на 19 октомври граѓаните ќе стават крај на ова лицемерие и ќе му ја покажат вратата на Герасимовски и на целата негова екипа.






