Кога од СДСМ се осмелуваат да зборуваат за тендери, првично нека се погледнат во огледало, велат од ЗНАМ.
„Години наназад токму тие ја претворија државата во партиска каса, институциите во сервис за свои луѓе, а правдата во селективен инструмент. Денес, кога институциите почнуваат да функционираат без партиска директива, СДСМ панично бара алиби во измислени конструкции. Навредите за „кукавичко јајце“, ‘платеник’, ‘тендер коалиција’ се јазик на политичка немоќ. Тоа е истиот тој наратив што ги оддалечи од граѓаните, од работниците и од реалноста. Токму ваквото однесување и делување на СДСМ ја доведе економијата во состојба во која денес мора да се стабилизираат штетите од нивното владеење. И наместо да понудат визија, тие сеат омраза. Наместо да бараат виновници во сите, освен во себе, нека соберат храброст и нека се соочат со сопствените постапки и грешки“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ бараат одговори од СДСМ да одговорат зошто по години власт зад себе „оставија разочарани граѓани, нарушени институции и чувство дека државата служела на малкумина“.
„Колку и да манипулираат, колку и да навредуваат, вистината не можат да ја сокријат. Граѓаните одамна ја препознаа разликата“, се наведува во соопштението на ЗНАМ.






