понеделник, 15 декември 2025

ЗНАМ ја обвини СДСМ за напад врз националните интереси

Движењето ЗНАМ реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за „очајнички обиди за дефокус“ по, како што велат, историскиот Конгрес на нивното движење. На денешната конференција за медиуми, Никола Мемов од ЗНАМ изјави дека нападите од СДСМ се резултат на стравот од растечката поддршка што ЗНАМ ја добива од граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ не може ниту да замисли, а камо ли да организира Конгрес со над 420 делегати, со јасна национална визија и со масовна поддршка од народот. Нивниот ‘конгрес’ би можел да се одржи во поширока канцеларија, затоа што вистинските социјалдемократи одамна ги нема, и народот ги напушта засекогаш. Тие нè напаѓаат затоа што сме гласни, храбри и исправени. А тие не знаат поинаку освен да служат. На ДУИ. На бегалецот Артан Груби и Васко Ковачевски, на двоецот Заев-Филипче, дечките со златни визи, спремни за бегање“, рече Мемов.

Тој го обвини портпаролот на СДСМ, Мартин Костовски, за „учество во уривање на уставниот поредок“ и „распродажба на националните интереси“, алудирајќи на неговата улога во објавувањето на Законот за употреба на јазиците и Преспанскиот договор.

„Јазикот, историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ не се предмет на преговори – тие се темелот врз кој стоиме. Македонија ќе биде членка на ЕУ, но не како народ без име, туку како Македонци со гордост, идентитет и достоинство. Нашиот пат е европски, но нашата душа е македонска“, истакна Мемов.

ЗНАМ ја промовираше и т.н. Национална платформа за македонско национално единство, која, според Мемов, била игнорирана од другите партии без да биде разгледана.

Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ на денешната прес-конференција изјави дека претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, ги погазил сите свои изборни ветувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ