понеделник, 6 април 2026

ЗНАМ до СДСМ: Злонамерни обвинувања, измислени скандали

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања. Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои, се вели во реакцијата на ЗНАМ на денешното соопштение на социјалдемократите. СДСМ обвинува дека во оновно училиште во Куманово биле злоупотребени децата и принудени да пеат песна од изборната кампања на Димитриевски.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЗНАМ велат дека во ОУ Кочо Рацин во Куманово немало никаква злоупотреба на деца, ниту принуда, ниту политичка активност, ниту каков било организиран партиски ангажман.
„Станува збор за хуманитарен настан организиран од Советот на родители при училиштето, со благородна цел – помош таму каде што е потребно. Сѐ друго што го пласира СДСМ е груба лага. Целата организација е на родителите во соработка со естрадни уметници, водители, ди-џеи и аниматори кои на свој слободен стил се изразуваат. Песната е авторска, а не изборна, како што самите ја именуваат, што дополнително ги демантира нивните обвинувања и обидите за политизација на настанот. Очигледно е дека во целосно отсуство на сопствени политики, идеи и програма, СДСМ повторно се занимава со измислени скандали. Наместо да поздрават настани од ваков хуманитарен карактер, тие напаѓаат и политизираат, што претставува дно на нивното политичко делување. Категорично ги отфрламе сите инсинуации. Немало и нема никаква злоупотреба на деца. Овие конструкции на СДСМ се очаен обид за политичка дискредитација и дефокус од нивната неспособност да понудат било каква визија. СДСМ, партија која со години ја злоупотребуваше секоја институција и секој јавен настан за свои партиски цели, денес држи лекции за наводни злоупотреби. Тоа е врв на лицемерие.
Дополнително, јавноста секојдневно е сведок на наративот на СДСМ исполнет со конфликти, обвинувања и конструкции, кој ги доведе во отворени судири не само со политичките опоненти, туку и со медиумите, со новинарите и со самите граѓани.
Граѓаните одамна ги препознаваат ваквите евтини манипулации и знаат дека вистината е на страната на оние кои работат чесно и во интерес на заедницата“, соопшти ЗНАМ.

Претходно СДСМ соопшти дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, каде што работи и сопругата на Максим Димитриевски како и претседателката на Советот на Куманово, Ивана Георгиевска, исто така од ЗНАМ била организирана т.н. „хуманитарна акција“ од страна на Советот на родители.

„Наместо вистинска хуманост, на настанот се злоупотребени дечињата и принудени да ја пеат песна од изборната кампања на Димитриевски. Ова претставува класична злоупотреба на деца за политичка промоција, спротивно на законите и претставува грубо кршење на правата на децата. Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, строго забранува злоупотреба на децата за политичко организирање и дејствување. Очигледно, за Димитриевски и ЗНАМ нема граници – од тендери, преку политичка пропаганда, до злоупотреба на најмладите. СДСМ бара итна институционална реакција од сите надлежни органи – Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука и Комисијата за заштита на правата на детето. Бараме утврдување на одговорност и соодветни санкции за сите инволвирани. Децата не смеат да бидат алатка за политички цели“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ