петок, 9 јануари 2026

ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува иницијативата на претседателот на Владата за лидерска средба, како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучен момент за државата, се наведува во реакцијата на ЗНАМ откако СДСМ ја одби идејата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЗНАМ велат дека за жал, денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче, уште еднаш покажала дека оваа партија предводена токму од него, нема ниту капацитет, ниту волја за конструктивен политички дијалог, туку единствено нуди говор на поделби, навреди и неосновани обвинувања.

„Кога се нема аргументи и резултати, се посегнува по стари сценарија, плашење на јавноста, теории на заговор и етикетирање на политичките противници. Наместо одговорност за сопственото минато, СДСМ повторно бега од разговор и се крие зад техничката влада како последен штит од соочување со граѓаните. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија се залага за целосно и непречено функционирање на институциите, за одговорно носење одлуки и за изнаоѓање конкретни решенија кои се исклучиво во интерес на граѓаните и државата. На Македонија ѝ е потребна политичка храброст и зрелост, а не бегање од одговорност и блокади. Потребен е отворен и искрен дијалог, а не уцени и калкулации, како и јасна определба за иднината, наместо одржување на
стравови и манипулации“, велат од ЗНАМ.

Според ЗНАМ, иницијативата за лидерска средба е можност сите релевантни политички чинители да покажат одговорност кон државата и граѓаните, а одбивањето на дијалог е признание за слабост.

„Движењето ЗНАМ останува цврсто определено за транспарентност, почитување на демократските процеси и враќање на довербата во институциите, како клучни предуслови за стабилна држава и јасен, одговорен пат на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија“, децидни се од ЗНАМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ