понеделник, 8 декември 2025

ЗНАМ: Апасиев и Филипче – совршен тандем

Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари. Точка. Нема простор за плачење и театар, се вели во реакцијата на ЗНАМ на соопштението на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Апасиев, ‘револуционер’ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, држи лекции за правда. Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО – институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес
својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам – вадам, кога сакам – трошам.
Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги вадиш за себе и за дружината околу тебе.
Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од
државата и мераклија за јахти по Медитеранот. Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од сопствената партија.
И двајцата на крајот ќе завршите на поdarok и баци рака кај вашиот газда Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души. Народот гледа. И знае“, соопшти движењето ЗНАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ