четврток, 22 јануари 2026

Злоупотребата на службената положба за Груевски во „Талир“ застаре

Се одложи рочиштето за случајот „Талир“. Обвинителката Ленче Ристоска достави корегирано обвинение, но не беше присутен и адвокатот на обвинетата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот на еден од обвинетите.

Објавено на

часот

Сподели

Настапена е застареност на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување поради истек на законските рокови за застареност и измените на КЗ кои беа донесени во 2023 година, односно за Никола Груевски и Кирил Божиновски.

И покрај ова, согласно законот, обвинителката Ленче Ристоска вели дека не постојат правни пречки да се гонат обвинетите за делото перењето пари во овој случај за коешто застареноста согласно закон настапува во 2035 година.

Обвинети се Никола Груевски, Кире Божиновски, Илија Димовски, Леко Ристовски и Миле Јанакиески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ