сабота, 27 декември 2025

Златен медал за Македон Димитровски на Германската математичка олимпијада

Македонското чудо од дете, Македон Димитровски, уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Младиот талент освои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.

Објавено на

часот

Сподели

Со овој врвен резултат, младиот Македон не само што се искачи на највисокото победничко скалило, туку и се квалификуваше за суперфиналето, кое ќе се одржи во месец мај во Франкфурт.

Успехот претставува големо признание за неговиот исклучителен талент, посветеност и љубов кон математиката, но и значајна промоција на Македонија на светската образовна мапа. Постигнатиот резултат е доказ дека и од нашата земја доаѓаат млади умови кои рамноправно се натпреваруваат со светската елита.

Овој успех влева надеж и инспирација за многу млади ученици, покажувајќи дека со труд, знаење и упорност, границите не постојат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ