„Во изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни обвинители, коментирајќи ги јавнообвинителските одлуки без воопшто да бидат запознаени со конкретниот предмет и со доказите. Ова кулминираше со политичките коментари во однос на определената мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот ‘Државна лотарија’. Ваквата јавна реторика мора да престане, а останатите институции да дозволат обвинителите непречено да постапуваат и да одлучуваат. Здружението на јавните обвинители е професионална организација, која нема овластувања да интервенира или да ги коментира одлуките на јавните обвинители при работата на конкретни предмети. Но, Здружението има право и обврска да ја заштити самостојноста на обвинителите кои стручно и одговорно ја вршат својата функција и да се бори за соодветни услови во кои тие ќе работат непречено“, се наведува во реакцијата на Здружението на јавни обвинители.
ЗЈО: Политичарите да не ги етикетираат обвинителите, институциите да дозволат тие непречено да постапуваат
Здружението на јавните обвинители (ЗЈО) апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето, се наведува во денешното соопштение на Здружението на јавни обвинители. Соопштението доаѓа откако јавноста, вклучително и политичарите и политичките партии остро реагираа на барањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје упатено до Основниот кривичен суд Скопје, на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби наместо претходно изречената мерка затворски притвор да му биде определена мерка куќен притвор.

Објавено на
часот





